Регион 09. ноември 2018. / 19:28

По погребот на Кацифас Албанија прогласи 52 Грци за непожелни

По погребот на Кацифас Албанија прогласи 52 Грци за непожелни

Албанија прогласи за непожелни 52 грчки државјани, кои присуствуваа на погребот на Константинос Кацифас, државјанин на Албанија и Грција.

Него минатата недела го уби албанската полиција на југот на земјата.

Помошникот на албанскиот министер за внатрешни работи Самир Лешај ја оцени, како „неприфатлива, навредлива и опасна“ активноста на наведената група во текот на погребот.

Тој рече дека нивното однесување било провокативно и опасно, наведувајќи дека таа група ја блокирала главната сообраќајница и им се заканувала на новинарите.