Словенечката Влада одлучи на 15 јуни да ги отвори и малите гранични премини кон соседна Хрватска.
Овие премини со месеци беа затворени поради епидемијата на корона вирусот, но со значителното подобрување на епидемиолошката слика во двете земји се создадоа услови и овие гранични точки да бидат отворени за граѓаните.
Малите премини ги користат најчесто жителите на пограничните села и градови, а границата е дозволено да ја поминуваат само граѓаните на Европската Унија.
Инаку, главните гранични премини меѓу двете земји сега нормално функционираат, но проблеми се регистрираат при товарниот сообраќај. Словенечкиот министер за внатрешни работи, Алеш Хојс, изјави дека тие ќе го зајакнат персоналот на границата во обид да се намали времето на чекање за камионите.