Регион 16. мај 2020. / 22:31

По наредба на Вучиќ: Војската на Србија започна со обезбедување на центрите за мигранти

По наредба на Вучиќ: Војската на Србија започна со обезбедување на центрите за мигранти

Војската на Србија вечерва започна да ги обезбедува прифатните центри за мигранти во Шид, како испомош на полицијата, соопшти Министерството за одбрана.

Единиците на Војската на Србија распоредени се на обезбедување на Прифатниот центар „Адашевци“, а во тек е распоредување на војници и на преостанатите два прифатни центри во Шид, „Принциповац“ и „Шид“, пренесува Бета.

Војската е испратена во прифатните центри во Шид по наредба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, одлука на министерот за одбрана Александар Вулин и наредби на началникот на Генерал штабот.

– Воената полиција, која во поширока смисла спаѓа во Корпусот на специјални единици, ќе ги заземе сите три пункта и ќе ја преземе целосната контрола и безбедност на граѓаните, истакна денеска Вучиќ додавајќи дека во моментов не може да се каже дека се случуваат некакви тешки кривични дела, но се случуваат кражби, неовластени упади на туѓ имот, па луѓето се чувстуваат несигурно.