Шест словенечки војници, кои се стационирани во градот Ирбил во северниот дел на Ирак, набрзо ќе бидат евакуирани. Оваа одлука е донесена по иранскиот ракетен напад на неколку американски воени бази во Ирак.
Словенечките војници во Ирак се дел од германскиот контингент.
За повлекувањето веќе е известен и претседателот на Словенија и врховен командант Борут Пахор, на состанокот што го имаа утрово со министерот за одбрана Крал Ерјавец и началникот на генералштабот Аленка Емец. Тие телефонски разговарале и со војниците во Ирак кои кажале дека се добро.