Регион 29. јануари 2020. / 09:44

По 2000 евра додаток за секое новороденче во Грција

По 2000 евра додаток  за секое новороденче во Грција

Со големо мнозинство грчкиот Парламент вчера го изгласа членот од законот од Министерството за труд и социјални работи на Грција што се однесува на новата владина мерка – додаток од 2.000 евра за секое новороденче од 1 јануари 2020, јави дописничката на МИА од Атина.

Предвидено е додатокот да се исплаќа на две рати по 1.000 евра, а потребно е да се исполнат одредени критериуми, меѓу кои и годишниот приход на семејството да не биде над 40.000 евра, мајката да е со легален и постојан престој во Грција, а доколку е од трета земја, потребно е најмалку 12 години да живее во Грција пред поднесувањето на барањето за додатокот.

Додатокот за новороденчињата не припаѓа во категоријата приходи и е ослободен од секаков дополнителен данок.