Девојката Моника Карамановиќ (12), која исчезна пред 10 дена, а за чие киднапирање е осомничен Нинослав Јовановиќ, пронајдена е во атарот на селото Пасјача, и префрлена во клиничкиот центар во Ниш. Карамановиќ е свесна, и комуницира, а според информацијата, била пронајдена на гробишта. Јовановиќ ја киднапираше Моника на 20 декември во 7:30 часот кога девојчето тргнало кон училиштето „Михајло Пупин“. Во десетдневната потрага беа ангажирани и хеликоптери, целата жандармерија, војска, прегледен е секој подрум, куќа, а на многу места киднаперот оставал траги.
Ова е трет пат во последните 23 години полицијата да трага по Јовановиќ. Во 1996 година е обвинет за силување на жена и едно 14-годишно девојче. Јовановиќ во тој случај бил осуден на 10 години затвор.