Регион 11. април 2018. / 11:07

Пилотот во тешка здравствена состојба – детали за срушениот српски авион

Пилотот во тешка здравствена состојба – детали за срушениот српски авион

Авион на српските военовоздухопловни сили се срушил во близина на Ковачица, јавува Б92.

Според Вечерни новости, авионот кој се срушил бил од типот Супер-галеб Г4.

Според неофицијални информации, пилотот и копилотот се катапултирале од леталото.

РТС јавува дека еден од пилотите е во тешка здравствена состојба, како и оти од леталото до командниот центар не е пријавен никаков проблем за време на летот.