Регион 14. јануари 2019. / 12:12

Пијан тинејџер гризнал полицаец за нога

Пијан тинејџер гризнал полицаец за нога

Полицаец од Пожега е лесно повреден во полициска станица, откако пијан тинејџер го гризнал за ногата, пренесува „Курир.рс“.

До ова дошло вчера, откако колегите на повредениот го привеле 19-годишникот, кој легнал на подот.

По гризнувањето, полицаецот морал да побара медицинска помош.

Неофицијално, тинејџерот пред да биде приведен, направил инцидент на една роденденска прослава.