Регион 03. март 2020. / 10:17

Пецас: Лажна вест е дека грчките гранични сили пукале кон мигрантите

Пецас: Лажна вест е дека грчките гранични сили пукале кон мигрантите

Портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас, преку неговиот официјален „Твитер“ профил демантираше дека имало пукање на грчко–турската граница, тврдејќи дека станува збор за лажни вести.

Никакви истрели не беа испукани од грчките гранични сили кон поединци, кои се обидуваат да влезат нелегално во Грција. Спротивното, не е ништо повеќе од грубо и смислено дезинформирање – напиша Пецас.

Според медиумите во Грција, ставот на портпаролот на грчката Влада доаѓа како одговор на тврдењата на претседателот на Турција.