Регион 04. ноември 2020. / 22:28

Српскиот патријарх Иринеј позитивен на Ковид-19

Српскиот патријарх Иринеј позитивен на Ковид-19

Српскиот патријарх Иринеј е позитивен на коронавирус. Како што е наведено на веб-страницата на СПЦ, патријархот бил хоспитализиран без симптоми и во одлична општа состојба.

Тој е во ковид-болницата во Белград.

„Како дел од редовната процедура за тестирање и по епидемиолошката процена, беше извршено тестирање на САРС Ков-2, што потврди дека Неговата Светост, српскиот патријарх Иринеј, е позитивен без симптоми и е одлична општа состојба. Неговата Светост беше хоспитализирана во ковид-болницата во Белград“, се вели во соопштението.