Регион 19. ноември 2020. / 18:58

Патријархот Иринеј е интубиран и е во тешка состојба

Патријархот Иринеј е интубиран и е во тешка состојба

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека патријархот на Српската православна црква Иринеј е „во тешка здравствена состојба, но дека, фала му на Бога, е жив“.

Вучиќ вечерва изјави дека патријархот Иринеј се наоѓа во тешка состојба.

Фала му на Бога, жив е. Тој беше во подобра состојба пред три часа. Сега таа ситуација е тешка. Пред 55 минути тој беше интубиран, кажа Вучиќ и додаде дека лекарите се борат за животот на патријархот.

Според Горан Стевановиќ, директор на Инфективната клиника, патријархот е во црвената зона.

Тие се обидуваат да му направат дренажа на белите дробови, додека патријархот е интубиран, бидејќи тоа не било можно порано. Лекарите го вртеле од левата на десна страна, објасни Вучиќ.

Српскиот претседател додаде дека е тешко да се предвиди било што, освен сите да се молат на  Бога.