Авион кој сообраќал на линијата Анталија – Штутгард принудно и безбедно слетал на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, поради напукнато стакло во пилотската кабина.
Тоа се случило синоќа во 23:18 часот, а станува збор за авион од компанијата Condor Airlines со 177 патници и 7 членови на екипажот.
Поради нивото на оштетување на стаклото, не постоела можност летот да продолжи, поради што патниците и екипажот морале да излезат во Белград.
Сите дежурни служби на аеродромот реагирале навремено и во склад со предвидените процедури.