Адвокатот на Словенечката демократска партија (СДС) на опозиционерот Јанез Јанша, испрати писмо до словенечкиот Премиер во оставка Марјан Шарец, во кој бара извинување за негова изјава, а во спротивно се закани со тужба.
Шарец веднаш преку социјалните мрежи го објави писмото во кое адвокатот на СДС бара премиерот да се извини за изјава дадена на државната телевизија, каде што кажал „тешко е да се соработува со СДС“ и „СДС се финансира од Унгарија“.
Шарец на својата објава на фејсбук напиша дека добил „пријатно“ писмо од правниот застапник на СДС.
– Па, ќе се извинам зашто го кажав сопствено мислење, кое го делат и многу други. Сепак живееме во слободна држава. Како и да е, иднината е добро опишана во ова писмо, доколку партијата на Јанша ја состави идната влада – напиша Шарец.