Главниот одбор на Српската напредна странка ќе се изјасни на седица на 29 декември за датумот за одржување избори за Парламентот, а според извор од партијата, како најверојатни датуми се споменуваат 19 или 26 април, пишува „Блиц“.
Според весникот, на таа седница членовите ќе се изјаснат за датумот на паралментарните избори, а ќе бидат претставени и нови лица од партијата.
Изворот нагласува дека седницата ќе биде можност за анализа на резултатите, но и да се зборува за плановите.
– Ќе разговараме за најдобриот датум за парламентарни избори откако ќе завршат разговорите меѓу власта и опозицијата со посредување од европски парламентарци – нагласува изворот.