Регион 25. октомври 2018. / 14:57

Палмер: САД нема слепо да прифатат било каков договор меѓу Косово и Србија

Палмер: САД нема слепо да прифатат било каков договор меѓу Косово и Србија

Заменик помошник државен секретар на САД, Метју Палмер вели дека процесот на дијалогот меѓу Косово и Србија нема црвени линии, но тоа значи дека слепо треба да прифатат било каков договор што може да се постигне на двете страни, но не ја отфрли можноста ниту за размена на територии или корегирање на границите, како можна опција.

Во интервју за „Коха диторе” високиот американски дипломат рече дека процесот треба да биде исклучително во парламентите на двете земји и дека дури и по договорот Косово треба да остане мултиетничко.

Тој рече дека договорот треба да биде мултидимензионален, да содржи од политички и безбедносни компоненти па се до економски, културни и имотни прашања.

Палмер истакнува дека САД остануваат посветени во однос на државноста на Косово и дека прашањето на статусот не е предмет за да се разговара со Србија.

Тој посочи дека нема да биде доволно да се постигне договор меѓу двајцата претседатели, дека тоа се однесува и на парламентите на двете земји, кои треба да бидат вклучени. Говорејќи во врска со процесот на трансформација на Косовските безбедносни сили, изјави Палмер дека околу тоа постоело договор меѓу Косово и САД.