За надминување на предрасудите од минатото, словенечкиот претседател Борут Пахор на претседателот на Европскиот Парламент Антонио Тајани му предложи заеднички учебник по историја.
Пахор предложи заеднички учебник по историја за Словенците и Италијаните, со цел да се надминат предрасудите од минатото.
Словенечкиот претседател по средбата со Тајани во Брисел, не сакаше да ги коментира барањата на дел од словенечките политичари за оставка на Тајани, по неговата изјава дека Истра и Далмација се италијански територии.
Пахор само изјави дека на средбата му предложил на Тајани словенечко–италијански учебник по историја по примерот на француско-германскиот, со кој се смирија тензиите во врска со историјата меѓу овие две земји.