Парламентарните и локални избори во Србија ќе бидат одржани во недела на 21 јуни, одлучено е денеска по состанокот на претседателот Александар Вучиќ со претставниците на политичките партии.
За потсетување, изборите требаше да се одржат на 26 април, но беа одложени заради пандемијата со корна вирус.
– Ја замолуваме нотарската комора што побрзо да ги спроведе процедурите. Ќе донесеме упатство за спроведување на изборите, тоа е договор со партиите и ќе се консултираме со лекарите, како со сигурност да се спроведат изборните работи, рече Вучиќ.