Педесетгодишна патничка загина, а возачот на автобусот е повреден во БиХ, кога поради одрон на патот, падна камен над автобусот, пренесуваат српските медиуми.
Несреќата се случила на магистралниот пат Устипрач-Саставци утринава.
-Во оваа сообраќајка, по здобиените повреди, настрада 50-годишна патничка, додека возачот на автобусот е повреден, пишуваат медиумите.