Регион 14. септември 2018. / 10:59

Пад на невработеноста во Грција

Пад на невработеноста во Грција

Спапката на невработеност во Грција падна на 19 проценти во вториот квартал годинава, со 21,2 отсто од првото тромесечје, покажаа статистичките податоци.

Стапката на невработеност, во периодот од април до јуни минатата година изнесуваше 21, 1 отсто.

Невработеноста се зголеми за време на осумгодишната финансиска криза во земјата, а во еден момент достигна и 28 проценти.

Грчката влада, по минатомесечното напуштање на последната меѓународна програма за помош, вети дека ќе даде приоритет на отворањето на нови работни места.