Еден автобус на косовска компанија е нападнат додека транзитирал низ Србија, тврди министерот за надворешни работи на Косово Беџет Пацоли.
Тој побара ЕУ и Србија да го осудат нападот.
„Напад со тврди предмети, за среќа без повреди на патниците, кој се случи на еден автобус на косовска компанија додека поминувал низ соседната земја Србија е неприфатлив и треба итно да биде осуден од страна на ЕУ, меѓународната заедница и самите институции на редот во Србија“, рече Пацоли, пренесе koha.net.
Косовскиот шеф на дипломатија рече дека институциите на безбедонс во Србија треба да научат лекција на професионализам која ја покажала полицијата на Косово за време на посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ во Косово.