Регион 20. јуни 2018. / 18:52

Оваа приказна на мајката го потресе регионот: ,,Докторот не сакаше да ме породи па заборави газа во мене”

Оваа приказна на мајката го потресе регионот: ,,Докторот не сакаше да ме породи па заборави газа во мене”

Србинката Наташа П. пред 20. дена станала мајка по трет пат и вели дека тоа и е најголемата среќа, но дека се случило нешто грозно на пораѓајот.

Имено, со нејзиниот статус на социјалните мрежи, таа тврди дека на пораѓајот докторот јадел јаболко, а бабиците ја пораѓале, а потоа кога ја зашивал и заборавил газа.

Вели дека сите лежеле на крв, немало чиста постелнина и бквално никој не се грижел.

Таа вели дека газата ја извлекла од себе додека се туширала.