Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, бара нови избори, поради политичкиот ќор-сокак на позицијата претседател на Косово.
Партијата на Харадинај го номинираше за претседател на Косово, пишува Газета Експрес.
Доколку не се постигне договор меѓу владејачката коалиција ЛДК-АБК-Иницијатива, Харадинај вели дека единственото решение се избори.
-Подготвен сум да разговарам за прашањето за претседател. Алијансата јаснo ја изнесе својата позиција. Во вакви околности, изборите се решение. Влеговме во изборниот календар и немаме друго решение, изјави Харадинај за ТВ Клан Косова.
Потврденото обвинение против Хашим Тачи го принуди да се повлече од функцијата претседател, а претседателот на Собранието на Косово, Вјоса Османи, ја извршува функцијата вршител на должноста претседател на Косово.