Осум мигранти од Авганистан, возрасен маж и жена со шест деца, се повредени утрово во сообраќајка во Словенија. Возачот на автомобилот, по потекло Хрват е уапсен за криумчарење на луѓе.
Несреќата се случила пред три часот утрово на локалниот пат Подгорје-Кастелец, кога 24-годишниот Хрват изгубил контролата над возилото, по што автомобилот излетал од патот и се превртел.
Според податоците на словенечката полиција, во земјата оваа година досега влегле околу 5.000 бегалци и мигранти, од кои многумина преку новата балканска рута – од западна Босна, преку Хрватска, па јужна Словенија.