Регион 08. јули 2019. / 19:44

Oсомничени за грозоморно убиство се деца на српски политичар

Oсомничени за грозоморно убиство се деца на српски политичар

Братот и сестрата, Јелена Шпаговиќ и Момчило Дујовиќ, се деца на поранешниот пратеник и член на Српската десница, Саша Дујовиќ. Тие се уапсени поради сомнение дека ја ликвидирале пензионерката Мајда Гавровиќ од Земун.

Јелена Шпаговиќ, е осомничена дека во средината на јули ја убила старицата додека нејзиниот роден брат Момчило е осомничен дека ѝ помагал да го прикрие злосторството. Јагленисаното тело на несреќната жена било пронајдено на 20-ти јуни кај Крченда.

Во близина на контејнерот каде било најдено телото, не биле најдени никакви предмети кои во тој момент би помогнале во идентификација на жената и не е јасно дали жената била убиена покрај контејнерот или била убиена на друго место, а таму само била фрлена.

Набрзо било утврдено дека станува збор за Мајда Гавровиќ која живеела во Земун. Таа последен пат била видена на 15-ти јуни, а нејзиното запалено тело пронајдено на 20-ти јуни.

Телото на несреќната жена било пронајдено од случаен минувач, кој веднаш ја алармирал полицијата.