Тројцата членови на екипажот на грчкиот танкер кои беа киднапирани на почетокот на ноември годинава во Того се ослободени, додека пак четвртото лице починало, соопштуваат од компанијата во чија сопственост е танкерот „Елка Аристотелис“ што беше мета на вооружен напад.
Од компанијата соопштија дека ослободените државјани на Грција, Филипини и Грузија се безбедни и во добра состојба, им бил извршен лекарски преглед и им се предадени на локалните власти за да се вратат во нивните земји, а биле контактирани и нивните семејства.
Четвртиот член на екипажот што беше киднапиран е филипински државјанин, но тој починал поради болест.
На 4 ноември 2019 година беше извршен вооружен напад врз танкерот под грчко знаме „Елка Аристотелис“ што бил закотвен во главниот град на Того, Ломе и беа киднапирани четири од 24 членови на екипажот.