На маратонската седница, што заврши синоќа на полноќ, општинскиот совет на Хиос едногласно ја отфрли одлуката на грчката Влада за изградба на нов затворен центар за бегалци и мигранти на островот.
Според локалните медиуми, општина Хиос останува на првичниот став, на островот да постои само еден центар со капацитет да прими 500 лица и да биде само за регистрација и идентификација на бегалците и мигрантите.
На состанокот присуствувал и заменикот министер за труд и пратеник од Хиос, Нотис Митаракис кој на присутните детално им објаснил дека само со затворање на постоечкиот камп и отворање на нов центар би се реши, на одржлив начин, проблемот на островот.
Според официјалните податоци од грчката влада, на Хиос, заклучно со 12 јануари 2020 има 6.056 бегалци и мигранти, а во постоечкиот прифатен центар со капацитет од 1.014 места се сместени 5.759 лица.