Претседателот на Српската радикална партија, Војислав Шешељ денеска е опериран на Клиниката за максило-фацијална хирургија во Белград.
„Зафатот е изведен поради патолошки промени на жлездите во вратот, а примероците се предадени на патолошко-хистолошка анализа. Онколошко-хируршкиот конзилиум кој ја прати здравствената состојба на Шешељ, по добиените анализи ќе го разгледа понатамошниот тек на лекувањето“, се наведува во соопштението од партијата, пренесуваат српските медиуми.