Регион 04. октомври 2018. / 15:47

Оној што нема да стане на црногорската химна ќе плати казна до 2000 евра

Оној што нема да стане на црногорската химна ќе плати казна до 2000 евра

Казни до 2000 евра ќе добијат оние кои нема да станат за време на изведувањето на химната на Црна Гора, соопштија денеска од црногорската влада.

Владата на Црна Гора денеска го усвои предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за државните симболи и Денот на државноста на Црна Гора за воведување обврска за станување на присутните за време на изведувањето на химната на Црна Гора, рече министерот култура Александар Богдановиќ по денешната седница на Владата.

„Казната за граѓаните нестанување при изведување на националната химна од 300 до две илјади евра“, рече Богдановиќ.