ОН одобрија два милиона долари за помош на Црна Гора во борбата против корона вирусот и собираат дополнителни 5,5 милиони американски долари за поддршка на одговорот на пандемијата.
Како што изјави портпаролот на ОН, Фархан Хак, Програмата за развој на ОН и Канцеларијата за развој на проекти обезбедиле медицинска и заштитна опрема.
Агенцијата на ОН за миграција и Меѓународната организација за миграција исто така дадоа помош – изјави Хак.
Во Црна Гора досега има 3.200 потврдени случаи на Ковид-19 и повеќе од 50 смртни случаи предизвикани од болеста.