Постепеното враќање во нормала во Грција почнува од органите на правдата, со оглед на тоа што на 27 април ќе бидат отворат Катастарот, Основните граѓански судови и Основните судови за конкретни процеси.
Првиот чекор од постепеното олабавување на рестриктивните мерки го најави портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, кој соопшти дека на 27 април или на почетокот на следната недела, премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, ќе ги информира Грците за следните чекори и планот за враќање на животот во нормала.
Нашата цел е планот да биде соопштен во целост, за сите Грци да знаат што ги чека, да го испланираат нивното враќање, враќањето на нивните семејства и нивните бизниси на општествените и економските активности што ги имаа пред рестриктивните мерки – изјави Пецас.
Тој објасни дека во секој случај, процесот ќе биде постепен, долготраен и добро осмислен, за да се минимизира можноста епидемијата пвоторно да земе замав.
Почетокот може да биде со групи од населението, кои, како што покажаа статистичките податоци и како што посочуваат експертите, се помалку изложени на опасност од сериозни компликации. Може да биде со економска активност што подразбира помалку гужва, како што се малите продавници за малопродажба. Може, исто така даги вклучува и училишта. Во секој случај, должни сме да ги заштитиме најранливите групи граѓани, како што се старите лица и нашите сограѓани со здравствени проблеми – објасни Пецас.
Портпаролот истакна дека Грците за време на велигденските празници го поминале тестот на „индивидуална одговорност и колективна зрелост“.
Портпаролот на грчката Влада објасни дека постепеното враќање во нормала ќе вклучува и дел од неопходните елементи од новото секојдневие, а како пример ги спомена честото миење раце, избегнување на ракувањето, држењето растојание и сл.