Регион 08. октомври 2019. / 15:42

Околу 500 мигранти од грчкитe острови пренесени во Атина

Околу 500 мигранти од грчкитe острови пренесени во Атина

Oколу 500 бегалци и мигранти од грчкиот остров Сими, со брод на воената морнарица на Грција пристигнале на атинското пристаниште Пиреа.

На малиот грчки остров Сими не постои организиран бегалски камп или прифатен центар па затоа мигрантите кои пристигале од турското крајбрежје престојувале пред полициската станица и крајбрежната служба, како и на улиците на островот.

Според официјалните податоци од грчката Влада, во текот на викендот, односно во саботата и неделата, на островот Сими пристигнале 142 лица.