Според проценките на организаторите на големиот антивладин митинг во Белград имало 35 000 луѓе . На присутните им се обратија познати лица од јавниот живот со порака до Вучиќ – ,,Доста лажеше!”
Со минута молчење за загинатите во сообраќајната несреќа во Ниш почна третиот масовен протест во Белград. Под мотото ,,Еден во пет милиони “ трет викенд се одржува масовен протест во Белград без партиски обележја.
Организаторите преку разглас објавија дека ги има меѓу 35 и 40 000. Ова е трет протест , кој се организира по нападот на лидерите на партијата ,,Левица на Србија” во Крушевац.
Пред насобраните се обрати актерот Бранислав Трифунивиќ , карикатуритстот Душан Петричиќ и новинарот Милан Јовановиќ. Трифуновиќ му порача на српскиот претседател Вучиќ дека нема да запрат и дека на секој протест ќе ги има се повеќе , алудирајќи на неговата изјава дека ,,ако се преброиме ќе не има повеќе од оваа страна”.
,,Се повеќе бес има во нас, ако ме слушаш , ќе разбереш што тим кажувам , престани да лажеш , престани да крадеш и слушни што има да ти каже народот. Народот , кој живее од твоите сендвичи и од своите списоци , од твоите избори на кои нема да учествуваме. “ , му порача актерот на српскиот претседател.