Околу 150 мигранти се заразени со Ковид-19 во хотелот во кој што се сместени во местото Краниди на Пелопонез.
Откако вчера беше соопштено дека 28-годишна бремена жена од Сомалија, сместена во конкретниот хотел за мигранти во надлежност на Меѓународната организација за миграција е позитивна на Ковид-19, претставници на Националната организација за јавно здравје на Грција ги тестираа сите 470 лица кои престојуваат во хотелот, како и вработените.
Од 13 часот по локално време, во тек е состанок во Краниди на заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, генералниот секретар за азил, претседателот на Националната организација за јавно здравје на Грција, како и градоначалникот и префектот на периферијата, за евентуално преземање конкретни мерки.
Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас пред почетокот на состанокот рече дека не постои причина за паника.