Регион 22. април 2020. / 14:44

Охрабрувачки бројки во Словенија: Од 1.459 тестирања само девет позитивни

Охрабрувачки бројки во Словенија: Од 1.459 тестирања само девет позитивни

Словенечките здравствени власти објавија дека изминатото деноноќие се направени 1.459 нови тестови за корона вирус од кои позитивни биле само девет.

Според истите податоци, има намалување на бројот на пациенти кои болнички се лекуваат од Ковид- 19. Во здравствените центри низ земјата сега се хоспитализирани вкупно 82 лица, од кои 24 поради потешка клиничка слика се наоѓаат во одделите за интензивна нега.

Изминатите 24 часа поради Ковид-19 починале уште две лица, а осум се отпуштени од болница и се евидентирани како оздравени.

Во Словенија досега вкупно има 1.353 заразени, а направени се речиси 40.000 тестирања за корона вирусот.