Пожар од големи размери ги зафати утринава просториите на Радио Телевизија Плјевља која се наоѓа на последниот спрат од зградата.
Во пожарот целосно изгореа просториите на телевизија, сите простории каде е сместено студиото, опремата и канцелариите. Густиот чад е видлив од сите делови на градот.
Пожарникарите со повеќе возила се обидуваат да го локализираат пожарот и да го спречат неговото ширење во соседната зграда во која е сместен Фондот за здравствено осигурување.