Академскиотм совет на Софиксиот универзитет одлучи да им го одземе почесното звање „доктор хонорис кауза“ на четири лица поврзани со нацистичкиот режим во текот на Втората светска војна-Ханс Франк, Бернхард Руст, Едвалд Роберт Валентин фон Масов и Едуард Колрауш. Образложението е дека мисијата на Универзитетот да биде основен највисок образовен, научно-истражувачки и културен центар со високо меѓународно признание е неповрзлива со толерирање на идеологијата на омразата, расизмот и престапите против хуманоста.
Одлуката е донесена откако кон крајот на јануари до ректорот на Софискиот универзитет е испратено писмо од претседателот на Асоцијацијата на преживеаните од холокаустот во Бугарија и нивните деца, Леа Коен, која го посочи имињата на четворицата почесни доктори на Софискиот универзитет, членови на Националсоцијалистичката германска работничка партија, и побара да им биде одземено почесното звање „доктор хонирис кауза“.
Ханс Франк бил личен правен советник на Хитлер, а од 1933 година министер за правосудствп на Баварија и се наоѓал на чело на националнсоцијалистичката асоцијација на правниците. Неколку месеци откако во мај 1939 година му било доделено звањето „доктор хонорис кауза по правни науки“, во октомври истата година бил назначен за генерален губернатор на окупирана Полска, каде бил одговорен за убиството на стотици илјади Полјаци и за депортацијата на полските Евреи. За време на Нирнбершкиот процес тој е прогласен за виновен за воени и престапи против човештвото и е осуден на смрт со бесење.
Во текот на 1940 година звањето „доктор хонорис кауза по филозофски науки“ му е доделено на Бернхард Руст, кој од 1934 година бил министер за наука, воспитание и народно образование. Како министер Руст отстранил околу 1.000 универзитетски предавачи (Евреи, социјалдемократи и други(, ја ограничува академската слобода и го воведува националсоцијалистичкиот дух и нацистичкиот поздрав во училиштата. Руст се самоубил непосредно пред капитулацијата на Германија.
Едвалд Роберт Валентин фон Масов го добива звањето „доктор хонорис кауза по правните науки“ во мај 1939 година. Тој е генерал-мајор од пруската армија, а за време на Балканските војни е испратен во бугарскиот Генералштаб. Во 1929 година се запознава со Хитлер и подоцна станува член на националсоцијалистичката партија. Од 1933 година е претседател на Германската служба за академска размена и на Германско-бугарското друштво. Од 1932 година ја започнува кариерата во СС и се искачува во хиерархијата, а во 1939 година станува СС генерал-поручник. По смртта е погребан со сите почести од СС и е одликуван со почесен венец од Хајнрих Химлер.
Едуард Колрауш го добива звањето „доктор хонорис кауза по правни науки“ во мај 1939 гдоиан. Колрауш е правник, ректор на Хомбулд универзитетот (во тоа време Фридрих-Вилхелм универзитет) од 1932 до 1933 година. Тој е еден од авторите на Нирнершките закони, кои воспоставуваат основа за антисемитската и расистичката идеологија на националсоцијалистичката држава.
Почесното звање „доктор хонорис кауза“ на Софискиот универзитет е воспоставено во 1902 година, кога му е доделено на Егзархот, Јосиф I.