Бугарија би требало да ги обнови своите напори кои се однесуваат на изградба на нуклеарна централа Белен, според новата одлука на бугарскиот парламент.
Со таа одлука на министерката за енергетика ѝ е наложено да започне преговори со потенцијални инвеститори.
Бугарските пратеници соопштиле дека министерката Теменушка Петкова има рок до крајот на октомври да го претстави предлогот за избор на стратешки инвеститор и за структурата и финансирањето на тој проект, пренесува агенцијата Ројтерс.
China National Nuclear Corporation confirms Interest in Bulgaria’s Belene NPP projecthttps://t.co/U5MjGJY4ra pic.twitter.com/1Q3FoWw0mi
— SilkRoad.bg – Silk Road Bulgaria (@SilkRoad_Bg) June 5, 2018
Имаме желба, намера и политичка волја да побараме решение кое се однесува на нуклеарната централа Белена – изјавила Петкова при обраќањето во Парламентот.
Бугарија во 2012 години ја запре изградбата на нуклеарна централа поради неуспехот да пронајде инвеститори. Поради тоа мораше да плати повеќе од 620 милиони евра на руската нуклеарна компанија Росат.