Регион 20. август 2019. / 12:37

Одложена посетата на Ердоган на Србија која беше најавена за 29 август

Одложена посетата на Ердоган на Србија која беше најавена за 29 август

Посетата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Србија најавена за 29 август е одложена, според „Танјуг“.

Турскиот претседател нема да дојде во Србија во текот на август и септември поради „усогласување на терминот“, соопшти турската амбасада.

Во врска со посетата на Ердоган беше најавено дека претседателот Александар Вучиќ и шефот на турската држава свечено ќе го означат почетокот на работата за изградба на автопатот Белград – Сараево, што треба да го гради турската компанија „Ташјапи“.