Регион 30. ноември 2019. / 12:30

Од утре во Србија стапува во сила доживотен затвор за убијци на деца

Од утре во Србија стапува во сила доживотен затвор за убијци на деца

Законот што предвидува доживотен затвор за убиство на деца, стапува во сила утре, објави министерот за полиција Небојша Стефановиќ.

На иницијатива на Фондацијата Тијана Јуриќ ќе се менуваат казните предвидени за ова кривично дело или ќе се воведат нови, што во некои случаи предвидуваат доживотен затвор како најстроги.

– Вториот дел од истиот закон, кој го нарековме „три удари“, дозволува да се изрекуваат построги казни на повратниците кои веќе извршиле неколку прекршоци, но се ослободени на условна казна или на благи казни. Тие нема да можат да ги ублажат казните, рече министерот Стефановиќ.

Тој исто така изјави дека казните за продажба на наркотици, наместо сегашните 3 до 12 години, би биле од 5 до 15 години.