Регион 07. ноември 2020. / 10:43

Од понеделник влез во Грција со негативен тест не постар од 72 часа

Од понеделник влез во Грција со негативен тест не постар од 72 часа

Од понеделник за влез во Грција потребен е негативен тест направен 72 часа пред пристигнувањето.

Авионскиот превоз во внатрешноста на земјата е дозволен само за враќање во местото на постојано живеење, спојување со семејството, од здравствени или професионални причини, а забрането е патувања меѓу регионите во Грција.

Во такси возилата и автомобилите дозволен е само еден патник (освен во случај кога станува збор за членови на семејство).

Од денеска па се до 30 ноември, Грција е во втор целосен карантин. Во следните три седмици, затворени ќе бидат  продавниците, кафулињата, угостителските објекти, средните училишта и универзитети, фитнес центрите, кината, музеите, театрите, ноќните клубови, ставија клуч на врата, а забрането е и патување меѓу општини.