Регион 22. октомври 2020. / 09:05

Од денеска задолжително носење маска на отворено во Бугарија

Од денеска задолжително носење маска на отворено во Бугарија

Од денес, носењето заштитна маска на отворено станува задолжително во Бугарија, во случај на гужва и неможност за одржување на физичка дистанца.

Клиентите во рестораните и кафулињата и спортистите на отворено ќе можат да седат без маска. Исклучокот важи и за учесниците на настани на конгреси и конференции за време на нивните говори, како и за водителите и гостите во ТВ-емисиите.

Децата до 6 години исто така можат да бидат без маски, пренесе БГНЕС.