Регион 17. јули 2020. / 11:49

Од денеска во Србија на сила се нови рестриктивни мерки

Од денеска во Србија на сила се нови рестриктивни мерки

Од денес на сила се новите мерки во Србија, во борбата против ширењето на коронавирусот. Во цела Србија е задолжително носење маски на отворен простор кога нема можност да се обезбеди физичка дистанца од еден метар и половина, како што се редиците пред продавница, аптека, автобуска итн.

Со овие мерки се забрануваат собири на јавни места во затворен и отворен простор истовремено на повеќе од десет луѓе, без оглед на тоа дали е во одредена општина или град прогласена вонредна состојба.

За време на престојот на јавни места, меѓу собраните луѓе мора да постои физичка дистанца од најмалку 1,5 метри. Носењето маска е задолжително на сите јавни места во затворен простор, што значи дека родителите на малолетни деца, како и децата со посебни потреби и нивните старатели, се должни да обезбедат нивните деца да носат заштитна маска.

Има препорака и децата да носaт маски кога играат надвор, на пример во парк, но оваа обврска не е задолжителна.