Регион 24. мај 2020. / 20:15

Од 1 јуни се отвораат основните училишта и градинките во Грција

Од 1 јуни се отвораат основните училишта и градинките во Грција

По едногласната позитивна препорака на Комисијата на епидемиолози за справување со вонредни состојби во јавното здравје, следниот понеделник, на 1 јуни ќе се отворат основните училишта и градинките во Грција.

За време на утрешниот редовен брифинг со новинарите, министрите за образование и за внатрешни работи ќе ги објаснат деталите за начинот на кој ќе работат овие образовни установи.

Пред две недели во училишните клупи се вратија матурантите, а минатиот понеделник почна наставата за сите средношколци.