Регион 22. мај 2020. / 12:20

Од 1 јуни поевтин превоз во Грција

Од 1 јуни поевтин превоз во Грција

Од 1 јуни, Грција го намалува ДДВ за транспортните услуги за 11%, што ќе значи и поевтинување на превозот, јавуваат медиумите.

ДДВ се намалува од 24 на 13% и мерката ќе се применува во наредните пет месеци. Така, цените на билетите за возовите, фериботите, авионскиот превоз, како и за градскиот и меѓуградските и меѓуградските автобуси ќе поевтинат. Билетите за градскиот превоз ќе чинат 1,20 евра, наместо досегашните 1,40.

Повратниот авионски билет меѓу Атина и Крит од почетокот на јуни ќе чини 112, а досега изнесуваше 123 евра. Билетот за ферибот за Крит од 54 се намалува на 48 евра. Се намалуваат и цените на билетите и во автобускиот превоз во зависност од должината на дестинацијата. Министерството за транспорт соопшти дека нема да се покачуваат и патарините.