Регион 14. август 2020. / 11:55

Обраќање на Борисов до нацијата: Ќе се повлечам кога ќе биде донесена одлуката за свикување Уставотворно собрание

Обраќање на Борисов до нацијата: Ќе се повлечам кога ќе биде донесена одлуката за свикување Уставотворно собрание

Во денешното обраќање до нацијата, премиерот Бојко Борисов ја објави одлуката, што ја донел за управување со државата. Тој најави дека ГЕРБ ќе поднесе предлог за нов Устав на Република Бугарија.

Премиерот предлага да се свика Уставотворно собрание, кое ќе донесе суштински промени во Уставот.

Меѓу другото, со нив се предлага бројот на пратениците да биде намален од 240 на 120, а за Уставотворното собрание од 400 на 280. Натаму, да се укине Високиот судски совет и да се воведе Судски совет на судии и Судски совет на обвинители, кои самостојно ќе ги решаваат кадровските прашања поврзани со судии, обвинители и истражители. Мандатот на главниот обвинител и на претседателите на новите институции да биде 5, а не 7 години. Главниот обвинител да поднесува извештаи пред Собранието на секои 6 месеци и тие да бидат ставани на усвојување.

-Во моментот кога Народнотѕо собрание ќе донесе одлука за спроведување избори за Уставотворното собрание, јас ќе се повлечам од функцијата, изјави Борисов.

Според него, време е за одлучност и одговорност и време е не само за промена на политичкиот систем, туку и за рестарт на државата. Неопходноста од рестартирање на политичкиот модел повеќе не може да се одлоговлекува.

– Единството, државноста и стабилноста на државата за мене не се само зборови, туку тие се основата од која сум поаѓал за секоја своја одлука, додаде Борисов.