Регион 06. јуни 2019. / 10:13

Објавени прислушувани разговори во Албанија – се бара оставка од Рама

Објавени прислушувани разговори во Албанија – се бара оставка од Рама

Потпретседателот на албанското опозициско Социјалистичко движење за интеграција, Петрит Васили, коментирајќи ги објавените прислушувани разговори за тоа „како се купуваат гласови во Албанија“, оцени дека тоа е потврда оти „земјата е заробена од криминалци“.

Пренесувајќи го ставот на партијата, Васили ја повика Владата по овој сканал за 24 часа да поднесе оставка. Претходно, реагираше и лидерот на опозициската Демократска партија Љуљзим Баша, оценуваајќи дека тоа е „радиографија на мафијашката и нелегална власт на Еди Рама“.

Германскот весник „Билд“ во написот под наслов „Како мафијата манипулира со изборите во Албанија“, пренесува снимки од разговори направени од албанските истражни органи, каде се слуша кои мафијашки кланови купувале гласови за партијата на премиерот Еди Рама на последните парламентарни избори во јуни 2017 година.