Во целосен шок сум, ова е гром од ведро небо. Тој дена беше весела, како и секој друг ден. Ручавме и заминав на рабпта. Следното утро ја најдов мртва. Кога би знаеле само зошто тоа го направи… Тоа прашање ќе ме прогонува цел живот, вели Јовиша Маринковиќ, чија вереница Бојана Милановиќ (24) се уби. Нејзината мајка не верува дека Бојана тоа сама го направила.
Бојана која работела како припадник на српската армија, се уби во неделата навечер во селото Дубље. Била во четвртиот месец од бременоста, а во саботата требала да се венча со Маринковиќ.
Уште никој не ја знае причината поради што одлучила да си го одземе животот., а нејзината мајка не верува дека Бојана сама си го одзела животот.
– Не верувам дека мојата ќерка се убила, бидејќи немаше ниту една причина за тоа. беше пресреќна што е бремена, се радуваше на венчавката… Полицајците ми рекоа дека имала две рани од куршум на телото и дека нејзината смрт е сомнителна, зборува за Информер Снежана Милановиќ, мајка на бремената воена болничарка Бојана.
Снежана вели дека нејзината ќерка секогаш била весела и расположена.
– Бојана е најдена мртва во кревет, во долната облека во која спиела. Имала две рани на телото. Инспекторот кој направил увид рекол дека по положбата на телото и раните таа не можела сама да пука врз себе, зборува во солзи неутешната мајка.
Едната рана од куршумот била под нејзината лева дојка, а другата на глава.
– Како е тоа возможно два пати да си нанесе смртоносни рани? Се прашувам што никој од семејството на Јовиша, која живее во другиот дел од куќата, не влегол во собата на Бојана да види што се случува откако слушнале пукање во неделата навечер. Ако од пукањето помислиле дека нешто паднало во нејзината соба, зошто никој не отишол да провери што се случило? Ја нашол Јовиша дури наредниот ден, кога се вратил од работа, зборува очајната мајка.
Мајката Снежана вели дека Бојана отсекогаш сакала да биде војник и дека едвај чекала да почне да носи униформа.
