Регион 17. мај 2020. / 16:44

Ново жариште на југот од Србија, 52 новозаразени во Врање

Ново жариште на југот од Србија, 52 новозаразени во Врање

Дали прерано се опуштивме? Ова денеска во Србија е главното прашање откако на југот од земјата, во Врање, викендов регистрирани се 52 новозаразени со Ковид-19. Најголемиот број од нив се вработени во фабрика за мебел, а останатите се инфицирани од нивните контакти.

Денеска во градот заседаваше и кризниот штаб од каде информираа дека фабриката е затворена уште во средата кога пристигнале првите позитивни резултати.

– Вируленцијата на вирусот Ковид-19 дефинитивно е смалена и сега кога станува збор за заболените се работи за помлада популација која нема пропратни хронични заболувања, но сите мораме да бидеме одговорни и да ги почитуваме сите мерки кои се однесуваат на превенција, истакнуваат лекарите.

Во изминатите 24 часа во Србија се регистрирани нови 114 случаи на корона вирус, а починале уште две лица. Вкупно од корона заразени се 10.610 лица, а вкупниот број на починати е 230.