Регион 08. март 2020. / 15:26

Нови седум случаи: Грција од утре со нови мерки против корона вирусот

Нови седум случаи: Грција од утре со нови мерки против корона вирусот

Грчката влада одлучи на четери недели да се одложат сите конференциски настани во земјата. Дополнително, се затвораат центрите за заштита на стари лица, во следните две седмици спортските натпревари ќе се одржуваат без публика и на исто толку време се откажуваат сите екскурзии за учениците.

Ова се новите мерки на грчката влада, кои утре стапуваат во сила, а ги соопшти претставникот на Министерството за здравство на Грција задолжен за новиот коронавирус, професорот Сотирис Циодрас.

Во исто време, потврди дека има седум нови случаи на коронавирусот, со што бројката на лица заразени со Ковид-19 во Грција се искачи на 73.

Од новите седум случаи, шест се поврзани со претходно потврдени случаи, а за еден од заразените во тек е проверка на контактите