Регион 06. март 2021. / 10:26

Нови рестриктивни мерки викендов во Србија – затворени сите објекти

Нови рестриктивни мерки викендов во Србија – затворени сите објекти

Од денес напладне до понеделник во 6.00 часот наутро во Србија ќе се применуваат нови мерки на Кризниот штаб според кои ќе бидат затворени сите угостителски објекти, како и сите продавници, освен продавниците за храна.

Од понеделник, 8 март, средношколците ќе се префрлат на онлајн настава.

Ќе работат само продавниците за храна, и тоа до 21 часот, аптеките и бензинските пумпи чие работно време не е ограничено.